Sponzori
Online
Има 4 гости присутни| СООПШТЕНИЕ |
|
|
|
| Напишано од Administrator |
| Петок, 11 Јуни 2010 18:43 |
|
Влада на Република Маќедонија
До Сите иселенички организации
Предмет: Информација
Во врска со многубројните прашања на иселеници од Македонија, кои освен државјанство на Република Македонија поседуваат и странско државјанство и на кои за излез од Република Македонија им се бара патна исправа на Република Македонија, ве информираме за следното: Во согласност со Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште (Сл. Весник на РМ бр. 36/92), а заради непречен влез во Република Македонија со странска патна исправа, во случај на непоседување на патна исправа на Република Македонија, потребно е претходно иселениците да поднесат пријава со податоци за нивниот престој во странство подолго од 2 месеци, до дипломатско Конзуларните Претставништва во странство или во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во местото на нивното последно живеалиште или на самиот граничен премин при излез од Република Македонија. Ве молиме за оваа законска обврска да ги информирате иселениците од Македонија кои имаат намера ова лето да патуваат во Република Македонија. Васил Наумов Директор Агенција за иселеништво Сајт: www.emigration.gov.mk
|
| Последно освежено на Петок, 11 Јуни 2010 19:02 |





