Sponzori
Online
Има 22 гости присутни| РАКОПОЛАГАЊЕ, 27.06 2010 Велес |
|
|
|
| Напишано од Administrator |
| Понеделник, 28 Јуни 2010 21:26 |
|
Архиерејска Литургија, 27.06 2010 Велес
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот пророк Елисеј; Свети Методиј, патријарх Цариградски; Преподобен Нифонт, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и бројно свештенство од Повардарската и Европската епархија на МПЦ. Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес беше духовниот центар на Литургиското заедничарење на свештенослужителите од двете епархии и верниот народ. На Литургијата Митрополитот Европски г. Пимен благоволи и го ракоположи секретарот на Епархијата европска, дипл. теолог Антоние Попоски во чин ѓакон. На Литургијата молитвено присуствуваа голем број верници, а дел од присутните застанаа пред Светиот Путир и се причестија со Светите Христови дарови.
Преземено од: www.povardarska-eparhija.org.mk
|
| Последно освежено на Вторник, 29 Јуни 2010 20:53 |















