Sponzori
Online
Има 22 гости присутни| Чествување во МПЦО св. Кирил и Методиј Дортмунд |
|
|
|
| Напишано од Administrator |
| Среда, 26 Мај 2010 15:13 |
|
Во годината во која Македонската Православна Црква слави значаен јубилеј 1100 години од упокојувањето на светиот Наум Охридски МПЦО св. Кирил и Методиј прослави јубилеј од 20 годишно континуирано работење токму на патрониот празник на свети Наумовите учители. Чествувањето започна ден порано на празникот Педесетница со света архиерејска литургија отслужена од надлежниот архиереј Пимен во сослужение со парохискиот свештеник протојереј Стеван Илиоски. Во продолжение следуваше општо народна веселба на која откако беше двојазично прочитан краткиот историјат на ЦО, беа доделени благодарници и икони со ликот на светите Кирил и Методиј на сите оние институции и личности кои на свој начин се вградиле во опстојот на оваа црковна општина.
Следниот ден повторно беше отслижена света литургија а потоа во дворот на црквата во духот на македонската традиција беше организиран ручек со народни македонски специјалитети. На прославата бесе присутен и градоначалникот на северозападната комуна на Дортмунд г. Шмидт. Во својата беседа митрополитот поврзувајки ги двата празници рече дека оној ист Свети Дух кој ги изведе апостолите на ниваната проповед во Ерусалим, ги изведе и равноапостолните солунски браќа на проповед и мисија низ словенските страни. При симнувањето на Светиот Дух врз апостолите, во Евангелието не се споменува дека дарот на јазици ги ограничил апостолите само на три богоизбтрани јазици да излезат на проповед. Токму тоа ги потикнало и светите Кирил и Методиј храбро да застанат во борбата против неа и да ја разбијат тријазичната ерес и да создадат јазик на кој мноштво словенски народи на разбирлив јазик ќе го чујат словото Божјо. Плод на таа нивна мисија сме и ние денешните Христијани кои богослужиме на некој од словенските јазици но и сите оние народи кои после разбивањето на оваа ерес добиле Богослужение на свој јазик. ЦО св. Кирил и Методиј во оваа прилика им се заблагодарува на сите свештеници, членови на црковните одбори и сите парохијалци кои богослужеле, раководеле, помагале и сеуште активно помагаат во животот на оваа црква.
Повеќе слиќи можете да видите во "Galerija"
|
| Последно освежено на Недела, 30 Мај 2010 23:19 |




























