Sponzori

Банер

Online

Има 22 гости присутни


ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАСОШИ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Понеделник, 22 Февруари 2010 10:59

До сите македонски иселенички организации и асоцијации

Почитувани!

Во прилог ви ја испраќаме веста објавена на интернет странатa на Министерството за надворешни работи на Република Македонија за почеток на издавање на македонски патни исправи во државите каде живеат иселеници од Македонија.

Оваа вест можете да ја проследите и на следниов линк:

www.mfa.gov.mk

рубрика: Медиа центар

Директор

Васил Наумов

 

ВО МАРТ 2010 ГОДИНА СТАРТУВА ИЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИ ПАТНИ ИСПРАВИ ВО ДИЈАСПОРАТА

16 Фебруари 2010 година

Владата на Република Македонија од март 2010 година започнува со реализација на активности, чија што цел е олеснување на можноста за нашите државјани кои што живеат во САД, Канада, Австралија и Европа, да се  стекнат со новите македонски биометриски патни исправи.

За таа цел, Министерството за надворешни работи на Република Македонија ќе ја направи достапна можноста за аплицирање за македонски биометриски патни исправи, преку мобилни станици кои што ќе бидат поставени во македонските дипломатски претставништва во одделни градови во САД, Канада, Австралија и Европа.

Целата постапка ќе се реализира согласно следната динамика:

- Сите македонски државјани кои се заинтересирани да поднесат барање за издавање на македонска биометриска патна исправа, потребно е најдоцна до 1 март 2010 година да го пријават својот интерес во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Детроит,Чикаго, Њујорк (САД), Канбера, Мелбурн (Австралија), Торонто (Канада), Бон (СР Германија) и Венеција (Италијанска Република).

Македонските државјани кои барањето за издавање на биометриски пасош на Република Македонија ќе го поднесуваат во дипломатско–конзуларните претставништва во Минхен (СР Германија), Копенхаген (Кралство Данска), Берн (Швајцарска Конфедерација), Брисел (Кралство Белгија), Париз (Француска Република) и Лондон (Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска), потребно е својот интерес да го пријават во овие конзуларно-дипломатски претставништва најдоцна до 20 мај 2010 година.

- од 15 март до 16 април 2010 година ќе се врши прием на барања за издавање на македонски биометриски патни исправи во дипломатско -конзуларните претставништва на Република Македонија во Детроит, Торонто, Мелбурн и Бон, а изработените патни исправи ќе се врачуваат од 24 до 28 мај 2010 година.

- од 19 април до 14 мај 2010 година ќе се врши прием на барања за издавање на македонски биометриски патни исправи во дипломатско -конзуларните претставништва на Република Македонија во Чикаго, Њујорк, Канбера и Венеција, а изработените патни исправи ќе се врачуваат од 31 мај до 4 јуни 2010 година.

- од 14 јуни до 9 јули 2010 година ќе се врши прием на барања за издавање на македонски биометриски патни исправи во дипломатско -конзуларните претставништва на Република Македонија во Минхен, Копенхаген, Берн,  Брисел, Париз и Лондон, а изработените патни исправи ќе се врачуваат од 19 јули  до 30 јули 2010 година.

- Владата на Република Македонија и понатаму останува посветена на грижата кон нашите државјани кои живеат и работат во странство, како и  одржување и зајакнување на нивната врска со матичната земја - Република Mакедонија, така што активностите за олеснување на можноста за стекнување со нови македонски биометриски патни исправи, ќе продолжат од септември 2010 година.

 


 

Последно освежено на Понеделник, 22 Февруари 2010 11:07
 
Deutsch (DE-CH-AT)Македонски (Macedonian)