Sponzori
Online
Wir haben 4 Gäste online| ЦРКВА |
|
Кратка историја на МПЦО „Св.Кирил и Методиј„ Дортмунд
Македонците во Дортмунд почнаа да доаѓат од 1969 г., а во 1984 година беше формиран Југословенскиот клуб Гоце Делчев, каде се водеа разговори и за црковните потреби на Македонците. Нашиот народ одеше во Српската црква. Така на еден разговор меѓу нашинците, се спомна: „Кога би имало наша Црква нашиот народ не би одел во туѓите цркви„.
Шансата ни се пружи пет дена пред Велигден во 1990 година, кога побаравме свештеник од МПЦО Св. Спас во Лаатцен/Хановер, за крштевање на едно наше дете, а за наша среќа, ни рекоа дека свештеникот би можел да дојде во Недела на самиот ден Велигден, на 15.04.1990г.
Одма стапивме во контакт со тогашниот секретар на САС, протоереј-ставрофор Томислав Петковски, од кој побаравме совет за формирање на МПЦО во Дортмунд.
Така со негова помош и совети, а со благослов на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил, за само пет дена организирање се собраа преко стопеесет верници, се одржа првата Света литурѓија на македонски јазик во Дортмунд, со протоереј Јорданчо Постоловски, а со помош на МПЦО Св.Спас од Лаатцен/Хановер.
Истиот ден објавивме дека на 24.Мај 1990 година, ќе се одржи Оснивачкото собрание во Дортмунд. По тој повод со Благослов на тогашнит поглавар на МПЦ г.г.Гаврил, беше испратен кај нас протоереј-ставрофор Томислав Петковски, кој ни помогна за одржување на Собранието. Оснивачкото Собрание беше на самиот празник Свети Кирил и Методиј. Од наите германски пријатели беше предложено да нашата Црковна Општина го носи името „Св. Кирил и Методиј„ кое име и значењето е познато кај Германскиот народ. Предлогот беше прифатен од сите присутни. Записникот од Оснивачкото Собрание го испративме во Скопје, каде Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква, на своја редовна седница во 1990 година, нашата МПЦО Св. Кирил и Методиј во Дортмунд е примена под јуриздикција на Мајката Македонска Православна Црква. Кратко потоа беше регистрирана и во судот во Дортмунд.
Десет години Управниот Одбор на нашата МПЦО побаруваше свештеници од МПЦ во Македонија и тоа повеќе пати во годината, каде имавме големи трошкови за свештениците, кога конечно во 2000 година на Редовното Изборно Собрание се одлучи да земеме стален свештеник. Во оваа прилика им се заблагодаруваме на Неговото Блаженство г.г. Стефан и Неговото Високопреосвештенство г. Горазд поред другото, што ни го испратија кај нас сега покојниот протоереј-ставрофор Александар Стојковски, и остана повеќе од четири години и направи многу за нашата ЦО, кој вечно ќе го спомнуваме и ќе му бидеме благодарни. Вечна му слава на нашиот дедо Ацо.
Со текот на времето видовме дека не функциониравме добро се додека не добивме стален свештеник. Така пред Велигден во 2002 година купивме и Црква од Новоапостолите, иако надворешно не е по наш македонски стил, сепак внатрепниот дел го уредивме да личи на наша Црква. Црквата беше исплатена за три години, нешто од Црковната Општина што имаше собрано до тогаш, со прилози на нашите верници и пријатели и некои од МПЦО, како и повратни средства од верниците и пак од некои МПЦО, која Црква е наш втор дом овде во Германија.
По заминувањето на дедо Ацо за Македонија во 2005 година, кај нас дојде за парохиски свештеник Архимандрит отец Арсениј Христов, а по неговото заминувањето во 2006 година, ни беше испратен отец Теофил Манушев, кој исто така остана само една година кај нас. И двајцата направија добри дела во нашата Црковна Општина за кои често ѓи спомнуваме и им благодариме што ги имавме, иако за многу кратко време беа кај нас.
Му благодариме на Неговото Високопреосвештенство, нашиот сегашен Митрополит г. Пимен, што не не остави без свештеник, па така од Декември 2008 година, во нашата Црква повторно имаме стален парохиски свештеник, протоереј Стеван Илиоски, кој е дојден од Ресен со неговата сопруга, презвитера Снежана.
Со неговото доаѓање нашата Црква поново оживеа. Отец Стеван беше еден од педесеттина свештеници кои доаѓаа првите десет години кога се служеше во германските Цркви и сали.
Во нашата Црква имаме и православна книжара со духовна литература, икони и разни предмети со црковна намена за сите парохијани и пошироко.
Да напоменеме дека, овој Свет дом уште од самото оформување па до ден денес, бележи видни резултати. За да се постигне сето тоа што го имаме денес, секако дека некој има удел во тоа и заслуга. Не е еден, тоа е целото членство, предводено од парохиските свештеници и управните одбори.
Црковно духовниот и културно забаниот живот во нашата Црковна Општина „Св. Кирил и Методиј„ е вообичаен. Управниот Одбор организира игранки, пикници, прослави, одбележувања и т.н. Управниот Одбор заедно со парохискиот свештеник, постојано работат за доброто, напредокот и афирмацијата на нашата Црква, како и воопшто на Мајката Светиклиментова Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија и милата ни Република Македонија.
Управниот Одбор и парохискиот свештеник при нашата Црква во Дортмунд, им се заблагодаруват на сите учесници во успехот на нашата Црковна Општина за каква и да било помош!
|


