Sponzori

Banner

Online

Wir haben 3 Gäste online


Вечерна богослужба во Дортмунд (13.01.2011) PDF Drucken E-Mail
Geschrieben von: Administrator   
Samstag, den 15. Januar 2011 um 09:33 Uhr

Pimen.Vasilica.jpg

Pimen.Vasilica.jpg

Во навечерието на Обрезението Христово, јулијанската православна Нова Година и светиот отец и учител на црквата Василие Велики, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот на Македонската православна епархија за Европа г.Пимен, присуствуваше на вечерна богослужба во МПЦО Св. Кирил и Методиј во Дортмунд.
По одржаното пригодно слово во чест на горе споменатите светители, одкако издвои дека неговиот нај изучуван ерарх на црквата Свети Василиј, за кого го испишал и неговиот дипломски труд, Митрополитот г.Пимен на присутните верници ги подели празничните лепчиња од кој во едно имаше паричка, во спомен на делото на свети Василиј Велики за враќање на донациите кон верниот народ, кој дарувал за исплаќање на данокот наметнат од Јулијан Отстапник.
По вечерната богослужба присутните верници го продолжија другарувањето во помошните простории на црковната општина.
Испраќајќи ви го ова известување Ви испраќаме и искрени желби за поголеми успеси во следната година.
Честито и радосно
новото лето Господово!

Pimen.Vasilica.jpg

Pimen.Vasilica.jpg

Pimen.Vasilica.jpg

Pimen.Vasilica.jpg

Pimen.Vasilica.jpg

Pimen.Vasilica.jpg

Pimen.Vasilica.jpg

Pimen.Vasilica.jpg


Zuletzt aktualisiert am Montag, den 17. Januar 2011 um 17:36 Uhr
 
Deutsch (DE-CH-AT)Македонски (Macedonian)