Sponzori

Banner

Online

Wir haben 3 Gäste online


СООПШТЕНИЕ PDF Drucken E-Mail
Geschrieben von: Administrator   
Freitag, den 11. Juni 2010 um 18:43 Uhr

Влада на Република Маќедонија

До

Сите иселенички организации

 

Предмет: Информација

 

Во врска со многубројните прашања на иселеници од Македонија, кои освен државјанство на Република Македонија поседуваат и странско државјанство и на кои за излез од Република Македонија им се бара патна исправа на Република Македонија, ве информираме за следното:

Во согласност со Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште (Сл. Весник на РМ бр. 36/92), а заради непречен влез во Република Македонија со странска патна исправа, во случај на непоседување на патна исправа на Република Македонија, потребно е претходно иселениците да поднесат пријава со податоци за нивниот престој во странство подолго од 2 месеци, до дипломатско Конзуларните Претставништва во странство или во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во местото на нивното последно живеалиште или на самиот граничен премин при излез од Република Македонија.

Ве молиме за оваа законска обврска да ги информирате иселениците од Македонија кои имаат намера ова лето да патуваат во Република Македонија.

Васил Наумов

Директор

Агенција за иселеништво
на Република Македонија

Сајт: www.emigration.gov.mk

 

Zuletzt aktualisiert am Freitag, den 11. Juni 2010 um 19:02 Uhr
 
Deutsch (DE-CH-AT)Македонски (Macedonian)